Дали е добро да се биде мрзелив?

 Мрзеливоста како особина не ја поседуваат сите луѓе. Но, дали на оние кој ја поседуваат мрзеливоста им помага? Одговорот е дефинитивно не! Мрзеливоста кај луѓето претставува лоша карактеристика која може да влијае на целовкупниот живот.
 Доколку одредена личност е мрзелива, таа личност не го постигнува својот потенцијал. Мрзеливите луѓе ги одбегнуваат своите задачи или оние нешта за кои би требале да вложат повеќе труд, без разлика дали тој труд ќе се покаже и како многу корисен.
 Мрзеливоста влијае и на понатамошниот живот на луѓето. Многу од нив ја губат секоја навика за работа како и енергијата која би требало да ја вложат за извршување на дејство. Тоа допринесува за „р'ѓосување“ и на оние луѓе без работна навика ќе им треба многу подолго за извршување на одредени обврски или едноставно ќе им биде потешко да работат со истиот ритам.
 Покрај кариерната загуба, мрзеливите губат и од животот. Тие некогаш одбиваат да учествуваат во активности и да се социјализираат, при што избегнуваат многу потенцијална забава, растење како личности и, секако, многу среќа и убави моменти. Мрзеливите, освен ако не уживаат во нивната состојба, се несреќни, неутрални или им е досадно во најголемиот дел од времето затоа што ги повторуваат работите кои ги прават, само од недостаток на желба за промена.
 Мрзеливоста не е добра навика или особина затоа што го уназадува човекот не дозволувајќи му да искусува нови работи и при тоа не е здрава за нас ниту физички но уште повеќе ниту психички.

Comments

Popular posts from this blog

„Сердарот“- Григор Прличев

Панонски легенди

Анализа на „Времеплов“- Х. Џ. Велс- самооценување