Репортажа

Едно од моите најдраги патувања беше претходното лето. Бев избрана како дел од македонскиот тим да учествувам на натпревар во Србија. Патувањето беше во последната недела од јуни.
Во Белград пристигнавме во понеделникот наутро, времето беше сончево и пријатно и затоа шетавме по Кнез Михајлова. Белград како постар град од Скопје имаше значително повеќе стари градби кои ме воодушевуваа со нивниот комплексен изглед. Изгледаше како мешавина од сите народи кои имале влијание овде, но сепак имаше и нешто свое.
Кога се вративме во интернатот во кој спиевме, во мојата соба ме дочекаа три нови цимерки. Јас бев единственото девојче во македонскиот тим и затоа бев сместена со една паметна словенка и две прељубезни британки. Наскоро нашето не-толку мало друштво го дополнија и германци и срби и србинки. Времето поминуваше забавно иако целта за која бевме дојдени беше натпреварот.
Ги користевме шансите кои ги имавме за прошетки. Купивме карти за музејот на Никола Тесла кадешто имавме можност да си играме со струја без притоа да бидеме повредени. Го разгледувавме и градот и неговата уметност, иако работен ден градот беше во полн џагор: стотици луѓе беа растрчани на сите страни низ улиците Белград, глетка која кај нас може да се види само на најпрометните места, како Рекорд, и тогаш пак ретко и во многу помал број.
Организаторите на натпреварот ни беа закажале пловење по реките на кои е изграден овој главен град. Никогаш претходно не сум имала можност да пловам по река во средина на градот и ова беше сосема ново и возбудливо искуство за мене.
Но, деновите поминуваа и нашата недела брзо пројде. Ова за мене беше едно прекрасно искуство кое се надевам дека ќе се повтори и следното лето.

Comments

Popular posts from this blog

„Сердарот“- Григор Прличев

Панонски легенди

Анализа на „Времеплов“- Х. Џ. Велс- самооценување