Панонски легенди
„Панонски
легенди“ е состав од житијата на светите Кирил и Методиј. Ова е црковно дело
кое ги опишува настаните од животите на браќата, односно се опишува период во IX век.
Константин и
Методиј биле родени во Солун во богато семејство. Тие биле љубители на учењето,
науката и уметноста и биле високо учени и почитувани. Своето знаење го
стекнувале во манастирите. Константин во својот живот бил назначен за
библиотекар, професор, теолог и бил задолжен за ширење на христијанството. Од
друга страна Методиј бил воен управител на област во источна Македонија, иако
образован теолог.
Во текот на
нивното живеење браќата биле испраќани на повеќе црковни мисии од кои
најзначајна е Моравската. Целта на мисијата била да се зацрвсти власта на
кнезот Ростислав преку влијание на црквата и ширење на христијанството. Тие
добиле задача христијанството да го шират на словенски што допринело за
создавање на првата словенска азбука. Таа била, по долги преговори, одобрена и
од папата.
Во последните
години од својот живот Константин се замонашил и своето име го сменил во Кирил.
Набргу болест му го одзела животот. Методиј животот го завршил подоцна
продолжувајќи го христијанското учење.
Оваа црковна
литература ни ги покажува животите на едни од најзначајните словенски светци.
Comments
Post a Comment