Анализа на „Времеплов“- Х. Џ. Велс- самооценување

 Како група, добивме задача да ја анализираме лектирата „Времеплов“ од Велс. Требаше да пополниме табела со информации за настаните, ликовите, судирот и чувствата во романот. Во составот на мојата група беа Марија Бошкоска и Давид Николовски.
 Сите навремено си ја завршивме работата. Групната работа ја поделивме на 4 еднакви дела: настан, судир, ликови и чувства а, подоцна определивме и кој член кој дел ќе го изработи. Давид беше задолжен за ликовите и тој работата ја заврши навреме но, со мал пропуст- карактеристиките на ликовите. Марија доби најголем дел од задачата- таа ги напиша чувствата и настаните, сите освен два. Остатокот- го одработив јас, тоест колоната за судир и последниот дел од колоната за настани.
 Сите задачата ја завршивме во определениот рок и како што треба.

 Дополнително(табелата која ја пополнивме)->

Настан
ликови
судир/проблем
чувства
  1. Времепловецот и пријателите разговараат за можноста за патување низ димензија-патување низ време.Времепловецот го претставува првиот прототип на машината Времеплов
Времепловецот, психолог, Филби, општинскиот претседател, градскиот претседател, лекар
Гостите не му веруваат на Времепловецот дека е возможно патување низ времето.
Збунетост, восхитеност, заинтересираност
  1. Доцнењето на Времепловецот на ручек
Психолог, лекар, г-дин Бленк, новинар, тивкиот брадест човек
Времепловецот се појавува на вечерата со нови доживувања кои ги споделува со останатите.
Загриженост, несигурност, глад
  1. Почетокот на приказната за патот на Времепловецот во иднината.Тој пристигнал во 802 700 година каде се запознава со чудни мали суштества
Времепловецот, госпоѓа Вочет, Еолци
Патникот патува во иднината каде се соочува со сосема нов свет.
Несигурност, страв, љубопитност, возбуда, очај
  1. Запознавање со малите суштества од иднината.Поставување теории за суштествата
Времепловецот, Еолци
Еолците почнуваат да го прифаќаат Времепловецот.
Љубопитност, разочараност
  1. Исченување на Времепловот. Времепловецот е загрижен за враќање на Врмепловот и за својот живот во иднината.
Времепловецот, Морлоците, Еолци
Времепловот исчезнува и предизвикува голема загриженост и проблеми за патникот.
Страв, болка, одвратност, загриженост
  1. Времепловецот одлучува да оди за подемјето кај Морлоците. Стравот од непознатото го тера  да се врати на површината
Времепловецот, Вина, Морлоците
Временскиот патник оди кај морлоците и дознава ужасна вистина за истите.
Страв, несигурност, разочараност
  1. По страшната ноќ со Морлоците, Времепловецот размислува за животот на Морлоците и Еолците.
Времепловецот, Морлоците
Времепловецот бара засолниште од морлоците.
Храброст, страв, болка
  1. Времепловецот и Вина ја истражуваат палатата од елен порцелан (Јужен Кенсингтон)
Времепловецот, Вина
Патникот се упатува со вина кон непознатата, далечна палата.
Љубопитност, страв, безгрижност
  1. Патникот и Вина се борат со Морлоците.
Времепловецот, Морлоците, Вина
Патникот е нападнат од Морлоците.
Страв, храброст, болка,  имореност, ужас, одвратност, тага, осаменост
  1. Стапицата на морлоците
Времепловецот, Морлоците, Еолци
Морлоците го вовлекуваат временскиот патник во стапица.
Тага, храброст, радост, сомнеж, страв
  1. Времепловецот ги продолжува патешествијата
Времепловецот, џиновски ракови
Времепловецот оди уште подалеку во иднината.
Изнемоштеност, несигурност, страв, љубопитност, студ
     12. Патникот ја споделува              приказната со пријателите и го продолжува патувањето
Г-ѓа Вочет, Времепловецот, лекар, новинар, издавач, уредник, психилог, слуга
Времеповецот се враќа во сегашноста, тоест времето во кое е роден и ја раскажува приказната. Подоцна ги продолжува своите патешествија.
Несигурност, болка, слабост, изнемоштеност, збунетост

Comments

Popular posts from this blog

„Сердарот“- Григор Прличев

Панонски легенди