„Сердарот“- Григор Прличев

„Сердарот“ е поема оригинално напишано за грчки литературен конкурс која ја опева смртта и помирувањето на најблиските со загубата на Кузман Капидан. Во оваа книга најчесто се спомнуваат самиот Капидан за кого и е напишано ова дело, неговата тажна мајка Неда и албанците односно гегите, против кои војувал војводата и неговата чета.
Кузман Капидан, македонскиот јунак од Река, кому му е посветена оваа творба, бил млад храбар херој. Тој својот живот го поминал и загубил борејќи се гордо против гегите, луѓе кои го пљачкале населението кое живеело во областа помеѓу селата Галичник и Река. Тој бил силен  маж на кого не му преставувало потешкотија да пролее душманска крв. На албанските криминалци им влевал страв со својата снага и умешност во војувањето која ја поседувал и поттикот кој им го давал на членовите на неговата дружина. Капидан ги бодрел и охрабрувал своите другари и во најтешките борби. Неговата сложна чета и нивните успеси им давале чувство на сигурност на селаните од пределот. Во неговиот краток живот тој усмртил безброј непријатели, негови и на неговите соселани. Кузман Капидан славно загинал како горделив јунак кој, до последниот миг на својот живот, се борел храбро и несебично. Капидан и денес е опејуван во песните за неговите херојски дела.
Кузмановите најголеми непријатели биле алчните албанци-гегите. Гегите биле албанско племе кое живеело на територијата на западна Македонија. Тие биле страв и трепет за македонското население во селата од познатиот Галичник до Река. Секојдневно мажите од овие племиња краделе од народот. Влегувајќи во дворови и туѓи имоти, стада и земајќи залутани животни: овци, крави, кози и магариња тие преживувале и се богателе. Оваа група со години слободно се движела, живеела и крадела низ планините и населените места. Поради честите грабежи овие луѓе биле најголемите напријатели на сточарите и земјоделците и  најголемите криминалци во оваа област. Иако претставени како негативни и противници, гегите имале и свои светли особини и доблести. Тие, својот најголем душман, војводата Капидан, на раце го однеле во родната куќа. И покрај тоа што тој убил голем број нивни браќа, татковци, синови и другари, тие, гегите, откако му го одзеле животот, со почит се однесувале кон неговото бесмртно тело и телата на неговите загинати пријатели. Тие на раце го носеле големиот јунак и со почести го погребале. Понатаму најстарите меѓу нив со утешни, родителски зборови и се обратиле на неговата мајка и чесно ги исполниле ветувањата и заклетвите кон неа, оставајќи го македонскиот на род да живее во мир.
Неда е мајката на херојот. Оваа силна жена во делото е посочена и како „мајка на џин“ од охрабрувачките геги. Неда била убава жена која годините ја поштедиле зачувувајќи ја нејзината природна младешка убавина. Како вдовица која живеела со својот син, била соочена со желбата на Кузман, нејзиното прво и единствено чедо, да оди да живее во шумите и да се бори против гегите. Несебично, мајката го пуштила да се бори на страната на правдата, на страната на селаните. Таа како и нејзиниот син била храбра горделива жена. Иако потиштена од смртта на нејзиниот единец таа не ја изгубила нејзината несебичност. Мило и мајчински побарала сите загинати другари и четници да бидат погребани со сите почести заедно со водачот Кузман. Неда имала силен и водачки карактер. Таа разумно им наредила на гегите да се заколнат дека нема да ги пустошат имотите на жителите на Река, во чест на јунаците кои ги изгубиле животите за таа цел.
Трите лика од оваа поема се и денес опејувани во македонските песни. Мајката која го родила овој македонски херој и неговите противници со борбите со кои се прочул Кузман се три познати ликови. Григор Прличев со оваа творба се прославил и освоил прва награда на конкурсот во Атина и бил наречен „втор Хомер“. „Сердарот“ има посебно место во македонското народно творештво.

Comments

Popular posts from this blog

Панонски легенди

Анализа на „Времеплов“- Х. Џ. Велс- самооценување