Рафаел де Валентин

Рафаел де Валентин е лик кој не носи низ приказната за шагринската кожа, но воедно и ни раскажува приказна за животот.

Рафаел е комплексен лик кој е во постојана борба со самиот себе кој се стреми да биде лик прифатен во општеството и лик кој би и се допаднал на буржоазијата. Тој е себичен човек кој живее депресивен живот, ја наоѓа својата алчна среќа во пари и умира од љубов и посакување премногу.

Ликот, неговите гледања и гледањата на него константно се менуваат. Тие можат да се поделат во три целини. Во првиот дел, Рафаел е во конфликт со себеси сакајќи да се убие иако е исплашен од смртта, додека, коцкарите на него гледаат како човек од кој лесно се вадат последните пари. Во втората целина тој наоѓа начин како да ги задоволува своите материјални желби и чувствува потреба да се докаже и да ја освои Федора. Тој се прикажува себеси како беден, опсесивен лик. На крајот, де Валентин богатството го прави одбивен и арогантен и луѓето во неговото опкружување му се вовлекуваат во друштвото на пријатели, со цел да го искористат, иако зад грб го исмејуваат.

Тој светот го гледа како место каде треба да се докаже пред луѓето во неговото опкружување. За жал тоа го прави на погрешен начин, со богатство земено на нефер начин. Преголемата алчност на де Валентин го излудува и тој го губи својот ум за на крајот да умре пред да замрат неговите желби.

Шагринска кожа е книга напишана за алчноста и претераните желби кои ги имаат луѓето и без кои тие не би можеле да живеат, и едноставно, без кои тие не би биле луѓе.

Comments

Popular posts from this blog

„Сердарот“- Григор Прличев

Панонски легенди

Анализа на „Времеплов“- Х. Џ. Велс- самооценување