Бак

Најпознатиот авантуристички роман, романот со кој Џек Лондон се прославува е романот „Повикот на дивината“. Роман кој раскажува за животната приказна за Бак.

Бак е куче. Куче кое како личност би се покажало во одлично светло: силен, и физички и психички, храбар да го покаже своето несогласување но сепак покорен кога треба и секогаш спремен да се бори за себе на еден или друг начин. Тој ги следи своите инстинкти повеќе од се но знае дека треба да се заслужи местото на кое сака да биде и сигурен во себе го прави токму тоа. Тој е независен и без сомнеж интелигентен но, сепак, тој е во процес на пронаоѓање на себеси.

Општеството во кое живее константно се менува. Бак од своето раѓање бил миленик на богата фарма без задолженија, потоа бил принуден да ги слуша наредбите на трагачите по злато во снежната Канада за на крајот тој самостојно да живее слободен во дивината.

За останатите кучиња на санката, Бак претставува најголем авторитет помеѓу нив. Тој својата сила и интелект ги има покажано пред нив и ја има добиено нивната послушност и доверба. Заслужено ја превзема и водечката улога на санката. Високо мислење имаат и луѓето околу него. Тие него го споредуваат со „ѓавол“ и ретко ја потценуваат неговата способност за преживување и владеење. 

Бак и самиот е свесен за последиците кои ги имаат неговите постапки и начинот на кои тие влијаат на мислењето на останатите. Кучето се има стекнато со самодоверба и храброст, од високото мислење на останатите околу него. Го користи својот ум и не постапува непромислено, знае да процени како одредена постапка би му била од корист или би му нанела штета. Нему не му е од исклучително значење каков е светот колу него, туку ву каква положба се наоѓа. Тој се прилагодува на околностите, но и ги менува доколку возможно.

Главнот лик има силен, доминантен карактер и цврсти ставови и идеали. Тој стои зад своите инстинкти и размислувања.

Бак како лик во ова дело претрпува огромни измени на карактерот. Тој созрева, расте како карактер во текот на различните периоди од својот живот. 

Comments

Popular posts from this blog

„Сердарот“- Григор Прличев

Панонски легенди

Анализа на „Времеплов“- Х. Џ. Велс- самооценување