Прва љубов (фабула и сценарио)

Фабула
Во далечните шеесети од 19 век, Владимир Петрович ја раскажува приказната за својата прва љубов. Доцна пролет во 1833 година, Владимир со своите родители се досели во Нескучни. Младиот Владимир веднаш се вљуби во каприцната сосетка Зинаида. Тој често времето го поминува кај неа со останатите додворувачи. Зинаида момчето го смета за дете и за да и го докаже спротивното и да ја убеди дека би направил се, Владимир дури и скока од висок, полу-срушен ѕид. Сепак, Зинаида не е заинтересирана за ниту еден од додворувачите и својата среќа ја наоѓа во таткото на Владимир.

Сценарио
(Тмурен ден околу 13 часот попладне. Владимир седи сам на ѕид висок отприлика два метра и срушен дел од стакларник. Околу има парк а под ѕидот има патека. Владимир е загледан во далечината кога поминува Зинаида.)
Зинаида: Што правите таму на таа височина? (се насмевнува) Ете, вие се уверувате дека ме сакате, ако навистина ме сакате скокнете кај мене на патот.
(Владимир скока од ѕидот, паѓа на нозете но не успева да се задржи и се струполува на земјата во бесознание. Зинаида клекнува покрај момчето земајќи ја неговата глава.)
Зинаида: Мило мое дете, како можеше да направиш нешто такво, како можеше да ме послушаш. Та јас те сакам, стани.
(Зинаида почнува да го бакнува лицето на Владимир но бргу се совзема.)
Зинаида: Станувајте, лудаку, зошто лежите во правта? (Владимир станува) Подајте ми го чадорот; гледате каде сум го фрлила и не ме гледајте така. Каква глупост. Не се отепавте? Мора да ве ижури копривата? Ви велам немојте да ме гледате така! (Владимир немо ја гледа) Па вие не разбирате, не одговарате! Одете дома мсје Волдемар, исчистете се и немојте да доаѓате по пемен инаку ќе се налутам..
(Зинаида се одалечува по патот а Владимир седнува на земјата.)

Comments

Popular posts from this blog

„Сердарот“- Григор Прличев

Панонски легенди

Анализа на „Времеплов“- Х. Џ. Велс- самооценување