Бескрајна приказна
Во 1979, Михаил Енде напишал приказна без крај, Бескрајна приказна.
Настаните ги води Бастијан Балтазар, момче кое не е омилено во училиште поради академскиот и спортскиот неуспех. Бастијан обожава да чита книги и е прилично љубопитен. На почетокот на дејството тој се наоѓа во антикварница чиј сопственик, господинот Кориандер, поседува книга која му го привлекува вниманието на момчето. Тоа се осмелува да ја украде книгата и подоцна оди на таванот на училиштето и започнува со читање.
Заплетот во книгата започнува со читањето на Бастијан. Тој го запознава Атреј, јунак од кралството Фантазија кој се впушта во потрага по лек за Детската Кралица. Болестта на Кралицата е последица од навлегувањето на Ништото кое сака да ја уништи Фантазија.
Во еден момент, младиот Балтазар сфаќа дека тој се наоѓа во кралството, покрај Атреј. Балтазар успева магично да го промени светот во кој живее и сега рамо до рамо се бори со Атреј за откривање на лекот.
Разрешувањето во делото започнува кога Атреј го наоѓа волкот Морг, неспособен помошник на Ништо. Морг го открива планот за уништување на противникот со што ја прекинува мисијата на Атреј. Фантазија може да биде уништена само кога фантазијата на луѓето ќе престане.
Атреј разочаран се враќа кај Кралицата да и соопшти дека тој не успеал да го обезбеди лекот. Кралицата го разубедува Атреј и му укажува дека со самото свое присуство, Бастијан ја има способноста да ја спаси Фантазија. За да ја спаси кралицата и целата Фантазија, Бастијан мора да и даде ново име на кралицата. Тој ја преименува во Месечево дете и го уништува Ништо.
Comments
Post a Comment