Илијада

 „Илијада“ е еп кој во светот важи како едно од најдобрите литературни дела и го означува почетокот на европската литература. Во него, генијалниот Хомер ги раскажува настаните во крајните денови на Тројанската војна.

 Десетата година од војната. Крајот на војната се ближи. Среќата е на страната на ахајската војска и на Тројанците лошо им се пишува. Но, се менува наклонетоста на боговите, а со тоа и текот на војната.

 Свештеникот на Аполон, Хрис, го моли големиот ахајски крал и воедно водач на ахајската војска, Агамемнон, да му ја врати ќерката, преубавата Хрисеида, која е робинка на ахајскиот крал. Тој одбива и Ахил, неговиот сојузник, се вмешува во разговорот. Ахил, јунакот во ова дело, старогрчки крал и син на божицата Тетида, ја сфаќа заканата на Аполон доколку Хрисовите барања не бидат исполнети и помеѓу Ахил и Агамемнон започнува кавга. Агамемнон одлучува да ја врати ќерката на Хрис. Тој, за да се одмазди и да ја задржи својата чест и моќ, ја зема омилената робинка на Ахил, Брисеида. Ахил, навреден, ја повлекува својата војска од војната, ослабнувајќи ги ахајските сили и предизвикувајќи пролевање на многу ахајска крв.

 Бидејќи Ахил е син и миленик на божица и поради неговите претходно разнишани односи со Агамемнон, боговите водството во војната од Ахајците го предаваат на Троја. Агамемнон беспомошен без ахиловата војска губи многу војници и сфаќа дека тој не може да го порази тројанскиот владетел, Пријам. 

 Тројанците се помогнати од боговите и знаејќи дека ахајската војска е мошне ослабната, полни со самодоверба одат во полн напад на ахајците. Сурово се војува на бојното поле. Многу од јунаците се ранети или усмртени од сечилата на оружјето на противниците. Со Аполон на нивна страна, тројанците ги потиснуваат ахајците се до брегот, палејќи ги нивните бродови. Ахил, гледајќи го овој масакр, испраќа дел од своите снажни воини на чело со неговиот најдобар другар, Патрокло, да им помогнат на губитниците. 

 Среќата им се насмевнува на ахајците. Со Патрокло на нивната страна, тие ги завршуваат животите на многу тројански војници. Патрокло се истакнува како силен јунак и голем воин. Успева да убие многу тројанци и помошници на тројанците, вклучувајќи го и синот на Зевс, Серпедон. За жал, или среќа, погубените не остануваат неодмаздени и Патрокло е подмолно убиен од Хекторовото копје.

 Полн со гнев и жал за својот верен пријател, Ахил се враќа во војната, одредувајќи си ја судбината. Според пророштвата тој ќе загине млад но, славен. Со голема волја и долг одмор од војната, Ахил се враќа со сета сила одлучен да го одмазди Патрокло и да го заврши ова десетгодишно крвопролевање.

 Божествата завземаат страна и се вмешуваат во војната директно од бојното поле. Ахил поткрепен од мајка си и со нов штит на себе, го започнува најкрвавиот колеж од Тројанската војна. Бројот на живи тројанци секој час се намалува поради силните ахајски војски. Легендарниот Ахил го убива тројанскиот миленик, најхрабриот јунак и водач на тројанските трупи, принцот на Троја, Хектор. Двете спротиставени страни склучуваат 12 дневен мир, со цел да го испратат овој тројански принц со сите почести.

 Крајот на Тројанската војна е очекуван и скорашен. Агамемновите војници успеваат да го поминат прагот Троја. Со тоа се става крај на многу животи и еден град- Троја, но воедно започнува и една нова ера на книжевноста во светот.

Comments

Popular posts from this blog

„Сердарот“- Григор Прличев

Панонски легенди

Анализа на „Времеплов“- Х. Џ. Велс- самооценување