Дали времето во коешто живееме е најдобро за младите?
Често размислуваме каков би ни бил животот на некое друго место, во некое друго време. Но дали ќе бевме ние такви какви што сме денес доколку живеевме во некое друго време? Дали времето во кое живееме е најдобро за нашата генерација? Да, ова време е најпогодно за нас.
Прва и најголема предност на нашето време е технологијата. Таа ни овозможува многу, ни помага и ни го олеснува животот уште повеќе. Една од многуте добри страни на развиената технологија е и брзата комуникација. Новостите можат да се рашират низ сиот свет само со притискање на едно копче. Понатаму, апликациите кои секојдневно се усовршуваат ни овозможуваат да комуницираме во реално време со луѓе насекаде во светот. Ова е голема предност кога станува збор за семејствата кои имаат блиски, роднини и пријатели, далеку од местото на живеење. Една од позитивните страни на технологијата е и слободата да се искажеме.
Денес имаме голема слобода на говор. Може да го искажеме своето мислење и став на многубројните медиуми. Понатаму, како и на мрежите имаме слобода и на разновидни начини на живеење. Од панк и готичен до старомоден и ретро стил, секој има право на свој избор на облека, шминка, интереси и начин на живеење. Се почесто се рушат и стереотипите кон различни делови од земјината популација. Луѓе кои припаѓаат на малцинства добиваат свои права или истите им се зголемуваат. Секако ова не би било возможно доколку немавме можности да се пронајдеме себеси.
За забава луѓето имаат измислено повеќе активности. Меѓувремено истите тие активности ни помагаат да пронајдеме делови од себе, како карактер, за кои не сме знаеле. Нашите хоризонти се прошируваат секојдневно со секоја нова прилика. Дел од овие прилики ни го менуваат и животот, кон подобро. Нов предмет во училиште, нешто за да ја побие досадата или настан за кој те молел другар да го посетите може да стане нова пасија и да го усреќи целиот живот. Ова не било достапно во минатото каде луѓето биле ограничени од одредени причини. Шансите на младите денес да напреднат затоа што размислуваат „надвор од кутијата“ и постои поголема веројатност нивните идеи и соништа да бидат спроведени.
Животот во ова време е значително полесен,посреќен и поубав. Ова време е идеално за нас, како генерација.
Комплетно е среден текстот. Си водела сметка за композицијата и можам да кажам дека многу ми се допадна и неколку пати го прочитав
ReplyDeleteСупер е напишан текстот,се согласувам со све што е нипишано и можам да кажам дека многу ми се допадна.
ReplyDeleteТекстот е супер и многу ми се допадна содржината. Во некои работи што си ги напишала се согласувам, но во повеќето не се согласувам. Сепак текстот многу ми се допадна па го прочитав неколку пати.
ReplyDeleteСе согласувам со повеќето аргументи на твојот блог, но мислам дека има и некои лоши страни на тоа што си ги истакнала како позитивно влијание врз нашата генерација. Сепак во секое добро има и лошо, но ми се допадна начинот на кој е напишан текстот.
ReplyDelete